Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Промовиран прирачник за наставници да можат да препознаат и да се справат со врсничко насилство

/

Македонија

Сподели преку :

Потребни се јасни комуникациски протоколи за наставниците да го препознаат врсничкото насилство кое честопати во училиштата останува непрепознаено. Новиот прирачник, кој денеска беше промовиран на штипскиот Факултет за образовни науки, е водич за наставниот кадар за справување со различните форми на насилство – физичко, емоционално, сексуално, социјално и сајбер. Насоките се однесуваат само на првото ниво, односно навреме да го препознаат.

„Кога наставниците ќе бидат освестени, сензибилирани за тоа, нема да го пропуштат низ нивните филтри, нема да го игнорираат, затоа што првото ниво може да премине на второ и тоа претставува сериозен општествен проблем“, изјави Трајче Стојанов, декан на ФОН, УГД-Штип.

Досегашните анализи покажуваат дека учениците поради стравот и недовербата не го пријавуваат насилството. Помалите ученици се похрабри во однос на учениците од повисоките одделенија.

„Ниту едно дете не треба да се плаши да оди во училиште, како што ниту еден наставник не треба да биде оставен сам да се соочува со насилството, затоа што лесно е да го препознаете, но понекогаш наставниците не се сигурни дали постапуваат правилно. Токму овој прирачник им нуди насоки и комуникациски протоколи како да постапуваат кога ќе се соочат со различен вид на насилство“, рече Даниела Коцева, универзитетска професорна на ФОН, УГД-Штип.

Според податоците на Министерството за образование и наука, просечно се пријавуваат по околу 50 случаи на врсничко насилство во училиштата.

Викторија Јованова

Jumbo 2