Продолжува штрајкот со глад на доктор Дарко Василевски пред Деканатот на Медицинскиот факултет, бидејки на три огласи за вработување без објаснување бил одбиен, а како што вели на интревјуата повеќе в предвид биле земени неговите години 45 отколку неговата професионалност и искуство. Тој вели дека нема да се откаже иако се уште никој од министреството или Деканатот не го има посетено. Василевски бара да биде преиспитан неговиот неизбор.
Тој претходно изјави и дека не го прифаќа објаснувањето на Медицинскиот факултет дека на конкурсот за вработување биле примени двајцата најдобри кандидати. Додека од Асоцијацијата на специјализанти пак кажаа дека веднаш побарале информации од Деканатот, ги добиле и прифатиле. Порачуваат сите несогласувања да се решаваат преку институционалните и законските механизми, а не со загрозување на здравјето.

Специјализантот Дарко Василевски не го прифаќа објаснувањето на Медицинскиот факултет дека на конкурсот за вработување биле примени двајцата најдобри кандидати. Тој го продолжи својот штрајк со глад пред деканатот и вели дека нема да се откаже додека не добие правда. Од факултетот, доцна синоќа, соопштија дека избраните кандидати имале подобри резултати во образование и подобро… Продолжи со читање













