Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Промоција во МНТ на новиот музички материјал на „ Поетроника“

/

Култура

Сподели преку :

„Од другата страна“ е едночасовно звучно и визуелно патување низ најновиот музички материјал на дуото Поетроника, што ќе се одржи на 07.октомври во 19 часот во Македонскиот народен театар, соопштија од таму.
Промоцијата ќе се одржи на реновираната тераса на вториот кат на Македонскиот народен театар. Таа со овој настан повторно се отвора како простор за музички и уметнички содржини.
Новите софистицирани звучни таписерии на Поетроника се создадени во соработка со врвни музички уметници, од различни жанровски определби: Никола Коџабашија – клавијатури и синтисајзери, Нинослав Спировски – кларинет и саксофон и Надежда Рубен – придружни вокали.