Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Скопје нема да спие утревечер, следува „ Бела ноќ“

/

Култура

Сподели преку :

Утревечер (сабота- 3 октомври 2026), „Бела ноќ“, во организација на ЈУ „Универзална сала“ и Град Скопје, носи концерти, диџејски настапи, изложби, театар и содржини за најмладите, велат организаторите во соопштение до јавноста.
На Боемска улица, публиката ја очекува „Боемска бела ноќ“ со Владимир Поповски и неговиот бенд, како и DJ Тоше Вељанов, што е повод за вечер со жива музика и дружење во Дебар Маало.
За љубителите на електронската музика, адресата е фонтаната „Лотос“. Програмата започнува во 20:30 часот со Flooder & Vaso, продолжува во 22:00 часот со DJ Vecky – Fluere, а од полноќ зад пултот застанува Invictoz – Sempre.
Останатата програма ќе се одвива на плоштадот „Мајка Тереза“ пред МОБ, на платото пред Музејот на современата уметност, во амфитеатарот зад Спомен- куќата на Мајка Тереза на улица „Македонија“, на платото пред МКЦ, на Мостот на уметноста, во Порта Буњаковец, на плоштадот „Скендербег“ во Старата скопска чаршија, во Археолошкиот музеј, Музејот на град Скопје, „Аудио
култура“, Домот на градежниците, Чифте амам, „Мала станица“, Детскиот културен центар „Карпош“ и Паркот на поезијата при Градската библиотека „Браќа Миладиновци“.

Во сабота од 18:00 часот превозот со ЈСП ќе биде бесплатен, а по повод „Бела ноќ“, бесплатен ќе биде и влезот во Зоолошката градина Скопје.  Еве линк до целосната програма : www.univerzalna.com.mk/belanok .