Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Стефковски демантира дека се заканувал со ликвидација, Левица подготува кривична пријава до Обвинителството

/

Македонија

Сподели преку :

Закани за ликвидација или изјава извадена од контекст. „Ќе ти се деси Оки и Жила“, двајца членови на скопското подземје кои беа ликвидирани, наводно е заканата кажана од градоначалникот Стефковски на вчерашната седница на советот на Општина Гази Баба.

Левица и ВМРО ДПМНЕ со дијаметрално спротивни ставови околу вчерашниот судир меѓу советничката Маја Никодиновска и градоначалникот на Гази Баба Бобан Стефковски. Од Левица побараа одговорност и најавија кривична пријава Стефковски вели дека од седницата има видео и тонски запис кој ќе го достави во МВР доколку е потребно и ќе покаже дека тој не се заканувал.
Пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ, ја обвини владејачката ВМРО – ДПМЕ за насилство и побара МВР и институциите да постапат експедитивно. Партијата веќе подготвува кривична пријава која ќе ја достави до Обвинителството

„Ние како Левица бараме од премиерот, институциите и минситерот Панче Тошковски да покажат дека ова не може да биде одбрането и да постапат експедитивно сите институцвии како и во случајот со заканите кон премиерот. Веќе сме во процес на кривична пријава пред Обвинителството“, изјави Амар Мециновиќ, пратеник Левица

Стефковски пак е дециден дека не се заканувал на советничката Никодиновска и за тоа постојат сведоци како и дека снимката која кружи на социјалните мрежи е манипулирана а тоа ќе го докаже со аудио вуидео записот од седницата кој е подготвен да го достави до МВР. Тој додава -дека советничката била таа која што упатувала лични навреди.

„Целосно ги негирам сите натписи и објави од политичката партија Левица. Во салата имаше присутни повеќе од 40 лица кои може да потврдат дали имаше закани кон советничката. Јас категорично тврдам дека закани кон советничката немало. Впрочем тоа ќе го докаже и вистинскиот видео и аудио запис кој ние како Општина го поседуваме. Споменав дека за криминалот за кој објавува и посочува треба да и кажат споменатите ликови кои беа нејзини блиски пријатели“, изјави Бобан Стефковски, градоначалник на Општина Гази Баба

Од МВР засега нема информација во која насока постапува по пријавата од советничката Никодиновска и како е заведена во службениот билтен.

Огнен Чанчаревиќ

Jumbo 2