738 дена без договор за одржување на „мој термин“.
Системот од кој секојдневно зависат илјадници пациенти, според државниот завод за ревизија – со сериозни проблеми во одржувањето, управувањето и безбедноста. Дел од болниците не ги внесуваат податоците, листите на чекање не функционираат како што треба, а ревизорите утврдиле и ризици за заштитата на личните и медицинските податоци.
За „мој термин“ и поврзаните системи се потрошени повеќе од 5,4 милиони евра.
И на министерот за здравство не разбира зошто 18 месеци немало договор за одржување и најавува нов повик. Но, прашањето останува: Кога „Мој термин“ е без одржување – кој се грижи за системот од кој зависат пациентите?
АНКЕТА: Дали сте имале проблем со закажување или добивање термин преку „Мој Термин“? Да/Не












