Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска пристигнува во официјална посета на Македонија.
Според агендата прво ќе оствари тет а тет средба со премиерот Христијан Мицкоски, по што ќе следува работен ручек со премиерот и членови на Владата.
Заедничка прес-конференција на Фон дер Лајен и Мицкоски е предвидена нешто пред 14 часот во Медија центарот на Владата.
Во фокусот на посетата се очекува да бидат европската интеграција на земјата и односите со Европската Унија.
Фон дер Лајен вчера престојуваше во Косово, каде нејзината посета беше проследена со протести поврзани со неодамнешните пресуди против поранешни команданти на ОВК.
На прес-конференција со косовскиот премиер Албин Курти таа изјави дека пресудите за воени злосторства биле донесени од независни правосудни институции и се однесуваат на индивидуална одговорност на обвинетите.
Б.С.













