Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Македонија ремизираше со Црна Гора на дебито на Таневски

/

Фудбал

Сподели преку :

Младата македонска репрезентација ремизираше 1-1 со Црна Гора во Битола, во рамките на претпоследното коло од квалификациите за Европското првенство во 2027 година. Ова беше позитивно деби на клупата за новиот селектор Александар Таневски, кој неодамна го наследи Горан Станиќ.

Гостите поведоа во финишот на првото полувреме, во 44. минута. Савовиќ одлично му асистираше на Андреј Костиќ, а напаѓачот на Милан, кој настапува на позајмица во Спарта Ротердам, рутински реализираше за 0-1.

Македонија израмни во 58. минута од пенал преку Адмир Љативи, откако Дакиќ го фаулираше Ташовски во шеснаесетникот. Иако Црна Гора ја имаше иницијативата во последните минути, Македонија ја создаде последната шанса на натпреварот.

Аритон Мехмед во 94. минута имаше идеална можност да ѝ донесе победа на нашата селекција, но по неговиот удар со глава топката се одби од теренот и заврши за малку над пречката.

Со ова реми Македонија стигна до седмиот бод во групата Е. Во претходните осум натпревари нашата селекција оствари само две победи, двете против последнопласираната Ерменија.

Во последното коло од овој квалификациски циклус, на 5 октомври, Македонија ќе ѝ гостува на Шведска.

ФОТО: Фудбалска федерација на Македонија