Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Обвинителството отвори нова истрага против газда Деко за „Давање поткуп“ и бара да му биде одреден притвор

/

Македонија

Сподели преку :

Обвинителството отвори нова истрага против газдата на „Пулс“ Дејан Јованов – Деко кому на 3 октомври му истекува законскиот рок од максимум една година во притвор по што тој треба да му биде укинат.

Новата истрага се однесува за кривичното дело „Давање поткуп““

Според Обвинителството, осомничениот дал поткуп на службено лице во Министерството за економија  да му обезбеди лиценца за вршење угостителска дејност, без воопшто да поднесе барање за лиценца и во услови кога знаел дека неговиот објект не исполнувал законски услови.

Поради опасност од бегство на осомничениот за ова кривично дело за кое е предвидена казна затвор од 1 до 10 години, како и фактот дека против него се води уште една кривична постапка за Тешки дела против општата сигурност, јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор.

Имено, осомничениот до сега беше обезбеден како обвинет во друга постапка, но со оглед на тоа што во однос на тоа дело истекуваат законските рокови за обезбедување, а јавниот обвинител од ОЈОГОКК продолжува да прибира докази во однос на дејствијата на поткуп, тој процени дека ризиците за обезбедување на осомничениот се големи и побара да му биде определена притворска мерка.

Јавното обвинителство оценува дека притворот е апсолутно неопходна мерка за обезбедување на присуството на овој осомничен, ценејќи ги сите околности и основи. Службеното лице кое го примило поткупот веќе е обвинето и против него се води судска постапка за дејствија на примање поткуп.

Дејан Јованов утре треба да биде изведен пред судија на претходна постапка, по што ќе биде донесена одлуката за мерката притвор.

 

Притворот за газда Деко истекува на 3 октомври – адвокатката најави поднесување на гаранција и бара почитување на неговите права

За помалку од еден месец, поточно на 3 октомври, истекува законскиот рок по кој газдата на „Пулс“, Дејан Јованов и други обвинети за пожарот во кој загинаа 63 млади луѓе не можат да останат во ефективен притвор. Неговата адвокатка Ивана Коцевска на денешното рочиште најави поднесување на гаранција дека газда Деко ќе биде присутен на… Продолжи со читање

telma.com.mk

Jumbo 2