Вести Македонија

Турција бара 86 лица од Македонија кои ги смета за терористи

Список од 86 лица им е доставен на македонските власти со барање за депортација или есктрадиција во Турција. Од 15 лица во 2019, за две години бројката се искачи на 86 лица од Македонија за кои турската влада тврди дека се поврзаност со организацијата на Фетулах Ѓулен, а која таа ја прогласи за терористичка и виновна за обидот за преврат во 2016.

„Кога сме кај Северна Македонија, структурите на ФЕТО продолжуваат да бидат присутни во земјава затскриени зад превези како образовни институции и трговски друштва. Во секоја прилика до надлежните на Северна Македонија ги пренесуваме нашите барања за оневозможување за дејствување на структурите на ФЕТО и депортирање на лицата поврзани со ФЕТО“, изјави Хасан Мехмет Секизќок, амбасадор на Турција во РС Македонија.

Амбасадорот на Турција притоа вели дека до денеска македонските власти не презеле ниту еден чекор во насока на исполнување на барањето од Турција.

Телма побара информации од македонското Министерство за правда за тоа до каде е постапката по барањата од Турција. Одговорот од таму е дека соработуваат со турските органи по ова прашање.

  • За случаите и лицата за кои прашувате ќе се постапува согласно домашните закони и меѓународните стандарди и договори“, се наведува од Министерството за правда.

И во изминатите четири години македонските власти во неколку наврати на прашањето за екстрадиција на лицата кои ги бара Турција, одговараа дека ќе ги следат меѓународните договори и право во постапување по ова барање, со барање на сериози докази дека тие биле инвовирани во тероризам.

Амбасадарот Секизќок денеска рече дека до македонските власти се доставени досиеја за овие лица.

„Испратени се досиејата за лицата за кои бараме екстрадиција и депортирање и ќе продолжиме и во иднина да ги следиме овие наши барања. Сите се државјани на Република Турција. Можеби некој од нив има двојно државјанство, меѓутоа сите се лица државјани на Турција“, рече Секизќок.

Амбасадорот на Турција не очекува се ова да влијае врз билатерланите односи меѓу двете земји, бидејќи тие, како што вели, се засноваат врз врз цврсти темели, а не врз едно досие, но потенцира дека Турција нема да отстапи од барање лицата кои таа ги смета за терористи да и бидат предадени.

Јавното потсетување до македонските власти од Турција за испорака на 86 лица доаѓа во пресрет на утрешната петта годишнина од неуспешниот државен удар во Турција за симнување од власт на претседателот Реџеп Таип Ердоган, при што беа убиени речиси 251 лице, а 2.100 беа повередени.

Турските власти за пучот го обвинија противникот на Ердоган, свештеникот Фетулах Ѓулен, кој живее во САД и кој поседува банки, медиуми, градежни компании и училишта, прогласувајќи ја неговата организација ФЕТО за терористичка и сите поврзани со неа за непријатели на Турција. САД до денес одбиваат да и го предаде Ѓулен на Турција.

Секизќок пак денеска информираше дека Турција во изминативе пет години доставила вакви барања до повеќе земји и оти некои од нив веќе им ги испорачале бараните лица, но не можеше да прецизира кои држави го направиле тоа и колку лица им се екстрадирани.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Стари рамки од прозорци, столови и друга покуќнина оставени пред влез на Рузвелтова, сопственикот е откриен и утре ќе добие казна

Дејан Дејан

Девет европски земји бараат од Европската комисија да ги олесни контролите на границите

Дејан Дејан

Америка ги интензивира нападите кон Иран

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе