За две децении, бројот на пациенти со цистична фиброза опфатени со терапија е зголемен од тројца на 126. Од годинава во терапевтскиот опфат се вклучуваат и деца на возраст од две до 11 години, со различни генетски мутации.
Од Министерството за здравство најавуваат дека во 2027 година ќе биде достапна и современа терапија за пациентите со цистична фиброза. Станува збор за значаен чекор во третманот на болеста, особено за најмладите пациенти.
За семејствата и пациентите, современата терапија не значи само лекување, туку и можност болеста да се забави, а секојдневието да продолжи со помалку ограничувања.













