Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ДЗР: „Мој Термин“ со ризици за континуитетот, ИТ-безбедноста и заштитата на личните и медицинските податоци

/

Македонија

Сподели преку :

Државниот завод за ревизија утврди сериозни слабости во функционирањето и управувањето со националниот здравствен информатички систем „Мој Термин“.

Во периодот од 1 јануари 2021 до 30 април 2026 година, системот вкупно 738 дена, односно 37,9% од анализираниот период, немал покриеност со договори за одржување.

За одржување на „Мој Термин“ и поврзаните системи во јавните здравствени установи биле издвоени 333,3 милиони денари.

Ревизијата утврдила и кадровски и управувачки слабости.

Управата за електронско здравство има пополнетост од само 29% од предвидените работни места, а дел од потребите се покриваат преку договори на дело.

Дополнително, не се воспоставени стандарди за сертификација и одобрување на софтверските решенија, ниту доволни механизми за контрола и валидација на податоците.

Констатирани се и недостатоци во следењето на закажаните термини, СМС-потсетувањата и евиденцијата на хируршките интервенции.

Посебен ризик е утврден во областа на ИТ-безбедноста и заштитата на личните и медицинските податоци.

Недостигаат соодветни процедури за управување со пристапите, следење на активностите и обезбедување резервни копии и континуитет на системите.

Jumbo 2