Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Внатрепартискиот судир се засилува – нови остри пораки во СДСМ

/

Македонија

Сподели преку :

Поделбите во СДСМ излегуваат на површина и дополнително се продлабочуваат. Откако Платформата „Разговори за иднината во 12 и 5“ отвори нов фронт во партиските редови, реториката сега се засилува.

Партискиот претседател Филипче вели дека е разочаран од екс-функционерите на партијата и не штеди зборови за сопартијците кои тргнаа во негова смена.

  • „Јас не сум скаран, но мора да кажам дека сум разочаран поради тоа што вратата им беше отворена и ја имаат отворена, ако навистина имаат добра намера. Зошто не се вклучија во досегашните партиски активности?! Еве пратеничката Петровска не се појавила на ниту една партиска активност во изминатите месеци, ја нема извршено својата партиска должност. И сега ќе зборува за некакви реформи. Првенците на таа платформа се луѓето коишто нанесоа најголема штета на партијата и за малку ќе ја закопаа“, изјави Венко Филипче, претседател на СДСМ. 

Иницијаторите на Платформата најавија дека неделава ќе му го претстават на Филипче планот за консолидација и окрупнување на опозицискиот фронт. Велат дека имаат и план Б, но засега тој останува непознат за јавноста.

А, од друга страна, додека раководството на СДСМ се соочува со бранувања во сопствените редови, критики доаѓаат и од владејачката ВМРО-ДПМНЕ, со порака до Филипче да ги смири страстите во опозицијата.

  • „Филипче засега нека размисли како да ги смири страстите во опозицијата, ако воопшто сака да биде човек кој води сериозна партија, бидејќи вака СДС се движи кон пропаст“, вели Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ. 

Премиерот Мицкоски претходно оцени дека Платформата ја пропуштила можноста да остави позитивен прв впечаток, бидејќи ги потценува граѓаните. Филипче, пак, смета дека членовите на Платформата се платени од власта и работат за нивните интереси.

Петар Догов

Jumbo 2