Откако пред една година изгоре речиси половина од погонскиот капацитет на фабриката за кондиторски производи од истокот на земјава, денес „Макпрогрес“ работи со 30% поголем капацитет на производство со повеќе автоматизација и поголеми стандарди. Во функција е не само делот што се спаси од пожарот, туку и новата фабрика за производство на вафли, која е лоцирана близу до старата, инвестиција вредна 8,5 милиони евра.
Како пепелта се претвора во нов почеток? Во оваа емисија Ви носиме екслузивно сведоштво на првиот човек на компанијата „Макпрогрес“, Глигор Цветанов, за тоа како менаџментот и вработените се справија со пожарот што пред една година направи милионски штети. Уништени беа голем дел од капацитетите, но менаџментот и сите 680 вработени одговорија со единство и храброст. Без ниту едно отпуштање, со зачувани плати и со несебична поддршка од пријатели и партнери, фабриката за рекордни денови се врати на производните линии. Оваa приказна e доказ дека највредниот капитал за компаниите се луѓето, со што и најголемиот удар може да се претвори во нов почеток.












