Последниве две години, во Србија и Црна Гора заминале над 15 млади момчиња од Македонија кои биле регрутирани од српски криминални кланови и учествуваат во кривични дела во двете држави. Феноменот е регистриран во македонските безбедносни служби, а КОД истражуваше како се одвива оваа мрачна операција.
View this post on Instagram
Пред еден месец, во Србија беше уапсен 26-годишен македонски државјанин осомничен дека е ангажиран за да изврши убиство. КОД во емисијата прикажана на 27.09.2026. истражува и за начинот како се регрутираат и како оперираат криминалните групи од соседството и кој е лекот за оваа појава која досега однесе и еден човечки живот, на младо момче од Македонија.













