Напладне во Тетово избувна пожар на отпад позади бензинската пумпа на Макпетрол на источниот дел од градот на излез кон Скопје. Од противпожарната единица Тетово информираат дека по пријавата на самото место утврдиле дека гори отпад од возила како и гуми.
Поради непосредната близина на соседната бензинска пумпа се преземени дејствија да не се прошири огнот кон соседните објекти.
Околу 14 часот е локализиран огнот, а интервенциите се насочени кон целосно гаснење на опожарениот материјал.
На пожарот според командирот Авни Амети се повикани сите 25 пожарникари во дневната смена.
Во гаснењето на пожарот интервенираше и екипа на обучени пожарникари од складот на Макпетрол во Гостивар. Екипите го обезбедуваат теренот за да не дојде до повторно разгорување.













