Променливо облачно со сончеви периоди. Наместа ќе има зголемена облачност и услови за слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Информација од ова утро 26.9.2026
Утринска температура измерена во 8 часот (во °C)
3 Попова Шапка, 6 Маврови Анови, 7 Крушево, 9 Берово, Крива Паланка, Претор, Охрид, 10 Куманово, Прилеп, Виница, 11 Битола, Тетово, 12 Скопје-Зајчев Рид, Велес, Штип, 13 Кавадарци, Струмица, Скопје-Петровец, Демир Капија, 14 Гевгелија.
Наврнат воден талог за изминатите 24 часа до 8 часот (во л/м²)
32 Крушево, Претор, 23 Попова Шапка, 18 Кавадарци, 15 Куманово, 13 Крива Паланка, Битола, 12 Охрид, 11 Велес, 10 Скопје – Петровец, Виница, Тетово, Берово, 9 Ѓуриште, 8 Тополчани, Демир Капија, 7 Маврови Анови, Пожаране, Прилеп, 5 Гевгелија, 2 Скопје – Зајчев Рид, Струмица.
Забелешка: Дадените вредности за количината на врнежи се измерени на дождомерните места на УХМР. Поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од измерената.
Деталите во Телма МЕТЕО со Елена Манојловски, во соработка со УХМР!












