Ново врсничко насилство во Скопје, 14-годишен ученик е расечен со нож од соученик, во тоалетот во основно училиште кај Бит-пазар. Пријавил родителот на повреденото дете, а полицијата расчистува уште еден од низата случаи на насилство меѓу учениците.
– На 24.9.2026 во 13:00 часот, во СВР Скопје, Ф. А. (43) од Скопје пријави дека околу 9:00 часот, во тоалет во основно училиште на подрачјето на Бит-пазар, бил нападнат нејзиниот 14-годишен син со остар предмет, од свој соученик, нанесувајќи му исеченица во пределот на раката. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Шест и полгодишно дете било физички нападнато, соблечено и снимано со смарт часовник од неколку други малолетни деца во соблекувална на спортска сала во основно училиште во Кочани. Случајот на 24 септември во ОВР Кочани го пријавил 42-годишниот татко на детето. Според пријавеното, во настанот биле вклучени неколку малолетни деца, повозрасни од неговото дете. „На… Продолжи со читање













