Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Директорот на Националната галерија Синани е разрешен поради незаконско работење

/

Култура

Сподели преку :

Поради незаконско работење , разрешен е Али Синани- директорот на Националната галерија на Македонија. Како што дознава Телма, тој е разрешен минатата недела со решение од актуелниот министер за култура и туризам, Седат Сулејмани. За в. д. директорка на установата е поставена Нарона Весели, вработена во Националната галерија.

  • Али Синани е разрешен врз основа на извршен вонреден инспекциски надзор од овластен инспектор за култура. При тоа се констатирани повеќе незаконитости и неправилно работење, како и поради тоа што не реализирал дел од годишната програма за работа на Националната  галерија на Македонија, велат од Министерството за култура и туризам.

Синани беше поставен на директорска функција како кадар на ВЛЕН, лани во јули. Неговото назначување беше проследено со незадоволство од вработените во Националната галерија. Тие бараа тогашниот министер Зоран Љутков да ја поништи одлуката зашто Синани , кој по професија  е ликовен педагог , немаше искуство во менаџирање на музејска установа .

Jumbo 2