Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

„Безбеден град“ од 12 октомври ќе функционира во Охрид, Дебар, Кичево и во Струга

/

Македонија

Сподели преку :

Од 12 октомври  системот „Безбеден град“ ќе почне да се применува и во Охрид, Дебар, Кичево и Струга – најави денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски при посетата на СВР Охрид и Регионалниот центар Запад.

Тој информира дека подготовките се во завршна фаза, а во следните две недели треба да се завршат преостанатите активности поврзани со командниот центар и имплементацијата на системот. –

„Се наоѓаме во завршна фаза и начелно се договоривме со началниците дека би биле подготвени да почнеме со практична примена на „Безбеден град“ и на територијата на СВР Охрид, заклучно со 12 октомври. Сакам да ги известиме македонските граѓани, особено жителите на општините Дебар, Кичево, Струга и Охрид, дека на територијата на СВР Охрид почнуваме со примена на „Безбеден град“ заклучно со 12 октомври – рече Тошковски.

Jumbo 2