Премиерот Христијан Мицкоски соопшти дека во Њујорк, каде што со владина делегација учествува во 81. сесија на Генералното собрание на Обединетите нации, се сретнал со премиерот на Косово, Аљбин Курти, како и со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ. На средбата со Курти, како што наведува Мицкоски во објава на „Фејсбук“, разговарале за унапредување на добрососедските односи, регионалната соработка, како и за заедничките предизвици и можности за развој на двете земји.
Со хрватскиот премиер Пленковиќ, пак, разговарал за европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка, како и за важноста од продолжување на реформските процеси согласно со европските стандарди.
Во текот на вчерашниот ден, Мицкоски исто така говорел и на панел-дискусијата за потребата од мир, дијалог и одговорно лидерство. Домаќин на панелот бил претседателот на Финска, Александер Стуб.
Премиерот и одвоено се сретнал со Стуб, со кого го истакнале „значењето на почитувањето на меѓународното право, силната мултилатерална соработка и потребата од градење стабилна и безбедна Европа“.
Пред два дена Мицковски се сретна и со словенечкиот премиер Јанез Јанша.

Во Њујорк претседателот на Владата, Христијан Мицкоски оствари средба со Претседателот на Република Словенија, Јанез Јанша.- Разговаравме за европската перспектива на Македонија, за продлабочување на политичката и економската соработка меѓу нашите две држави, како и за актуелните геополитички и безбедносни предизвици во Европа и регионот, напиша Мицкоски на Фезјбук.Тој на средбата истакнал дека Македонија останува… Продолжи со читање













