Филмот ја следи Марина и нејзините братучеди во фантастична потрага по начин да му ја вратат човечката форма на момчето кое се претворило во камен.
Марина и нејзините братучеди живеат во живописна долина каде еден ден пристигнува патувачки саем. Таму го откриваат необичното камено момче, кое поради својот гнев кон животот се претворило во камен. Решени да му помогнат, тие тргнуваат на волшебно патување во Земјата на сетилата, каде што ќе ги сретнат необичните жители – Уши, Рацe, Очи, Усти и Носеви – и ќе се обидат да ја вратат човечката форма на момчето.












