ВМРО-ДПМНЕ вечерва на седница на извршниот комитет ќе расправа за ставот на Зоран Заев, кој првично ја прифати резолуцијата таква каква што е, а сега ја одбива.
Воедно тоа покажува, тврдат од опозициската партија, дека Зоран Заев бара формална пречка за нејзино неносење, за да има простор да се пазари со идентитетските прашања и точките од најголемо национално и државно значење.
Според ВМРО-ДПМНЕ, отворањето на теми што создаваат поделби во однос на Резолуцијата, ја ослабнува македонската позиција во однос на позицијата кон Бугарија.
Задача на владата во однос на ова прашање е да обединува а не да разединува, тврдат од опозициската партија.
Додаваат дека текстот на резолуцијата е напишан од врвните научни и образовнио институции, УКИМ и МАНУ.
