Поранешниот припадни на ОВК Фадиљ Пушкољи, на Фејсбук пишува дека синоќа бил приведен во Македонија, но по распитот од полицијата е пуштен на слобода.
Танјуг првично објави дека Пушкољи е уапсен врз основа на српска потерница, додека порталот „Коха“ објави дека приведувањето се случило при преминување од Косово во Македонија.
Тој во својата објава на Фејсбук се заблагодари на македонската полиција за како што пишува фер играта и почитта во текот на целата постапка.
–Би сакал да им се заблагодарам на полицијата во Северна Македонија особено на албанските полицајци, за нивната фер игра, почит и добро однесување во текот на целата постапка, објави Пушкољи.













