Македонија Топ вести

Од Желино започна теренската вакцинација во Тетовско

Од населеното место Желино денес започна теренската вакцинација против ковид 19 во тетовскиот регион.

Вакцинирањето се одвиваше во просториите на тамошниот Здравствен дом. По краткиот разговор за претходни заболувања и потпишување согласност, граѓаните можеа да изберат помеѓу дози на Синовак и Астразенека.

Поголем интерес за ваквиот начин на имунизација  покажале повозрасните жители.

Лицата кои се тешко подвижни ќе бидат вакцинирани во нивните домови.

Жителите се задоволни од теренската вакцинација, бидејќи не мора да патуваат до вакциналните центри, а дополнително се избегнуваат и гужвите.

Здравствениот дом Тетово ја подготви листата на местата каде ќе се врши вакцинација и во соработка со локалната самоуправа и месните заедници граѓаните ги информираат за денот и часот на посетата.

Теренската вакцинација продолжува утре со посета на селата во вратничкиот регион.

Данијела Билбилоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Гостиварскиот парк во кој животот го загуби 14-годишното девојче затворен – истрагата се уште трае

Tea Dimkovska

Власта прифати два опозициски амандмани за време на расправата за ребаланс на буџетот

Tea Dimkovska

Јаневска: Можно е затворање на пет универзитети и исто толку институти

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе