Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Почина аниматорката Тонкица Митровска

/

Култура

Сподели преку :

Почина аниматорката Тонкица Митровска на 77- годишна возраст, соопштија од Друштвото на филмски работници на Македонија. Таа беше пионер на македонскиот анимиран филм и остави неизбришливa трагa во македонската кинематографија.Нејзиното заминување е огромна загуба за културната сцена, но нејзиното творештво останува како траен споменик на една извонредна кариера.
Како дипломиран графичар Тонкица Митровска беше еден од темелниците на познатата „Скопска анимирана школа“, во рамките на Студиото за анимација на „Вардар филм“. С
о децении го ткаеше својот талент во визуелната меморија на генерации. Соработувајќи со најголемите авторски и режисерски имиња, таа вдахна живот во повеќе од 20 анимирани остварувања, носејќи автентичност, прецизност и уметничка длабочина во секој кадар. Во својот децениски творечки опус, таа остави неизбришлив творечки печат соработувајќи како аниматор, фазер и цртач на повеќе култни анимирани остварувања, со што суштински го трасираше патот и го подигна уметничкиот стандард на македонската анимација.
За својот извонреден професионален ангажман, исклучителниот придонес и лојалноста кон филмската уметност, ДФРМ ја одликуваше Митровска со престижната награда „Златна рамка“ во 2021 година, а нејзиниот животен опус беше крунисан и со признанието „Златен објектив“ (2023) доделено од Кинотеката на Македонија.
Македонската филмска фела изгуби извонреден професионалец, предан колега и тивок уметнички генијалец чиј ведар дух и скромност беа инспирација за генерации филмски автори. Нејзиното дело останува трајно вградено во колективната културна меморија и во темелите на нашата кинематографија, велат во соопштението од ДФРМ.