Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Филипче: Владината делегација во САД брои над 50 луге

/

Македонија

Сподели преку :

Лидерот на СДСМ Венко Филипче има информации дека делегацијата предводена од премиерот Христијан Мицкоски која престојува во САД брои над 50 луѓе и праша кој ги плаќа високите трошоци за ова патување.

Дополнително, Мицкоски не е на списокот на функционери кои ќе имаат средба со Трамп во САД – вели Филипче според кого тоа се должи на политиките што ги спроведува оваа Влада.

-Очигледно е дека американската администрација добро знае дека Христијан Мицкоски предводи Влада која внесува кинески пари во земјата, спротивно на нашите заеднички интереси со стратешкиот партнер Соединетите Американски Држави. Оваа власт учествува во шверц со дрога преку граница ја поткопува демократијката. Можеби е подобро Мицкоски и неговата делегација да останат под радарот во Америка. Ако дознаат дека се таму, можеби ќе ги сместат заедно со венецуелскиот диктатор Мадуро и ќе ги задржат на екскурзија, изјави Филипче.

Од владата за сега не коментираат. Реагираа од партијата.

-Патувањето на премиерот Мицкоски чини неспоредливо помалку од нечесно заработеното Ауди на Филипче или јахтата на Заев, и многу помалку од провизиите на Стабри вакцините за време на ковид кризата, кои ги договараше Венко Филипче во времето кога државата беше меѓу најпогодените од ковид кризата, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Премиерот со владина делегацијае деновиве во посета на САД . Од Владата претходно информираа дека имал средби со претставници американските институции меѓу кои и конгресмени како и претсттавници на економскиот сектор. Мицкоски ќе учествува и на годинашното собрание на Обединетите Нации во Њујорк каде се најавуваат и средби со голем број државници.

Елена Муковска

 

 

Jumbo 2