Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(Фото) Ѓорѓиевски: На лице место фатен како создава депонија – ќе се поставуваат камери на јавни површни

/

Македонија

Сподели преку :

Инспекторите на Град Скопје доцна синоќа затекнале лице како фрла градежен шут и кабаст отпад околу контејнерите во Кисела Вода, создавајќи дива депонија.

-Истото е веќе санкционирано. Додека нашите екипи деноноќно работат за почист град, поединци го уништуваат сработеното и ја загадуваат околината во која сите живееме. Таквата неодговорност нема да помине без санкција. Јасно кажав и останувам на зборот – нулта толеранција за секој што ги претвора јавните површини во депонии и го загрозува здравјето на граѓаните – стои во статусот на градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски.

Градоначалникот пишува дека инспекторите се на терен 24 часа, а во тек е и постапка за поставување камери на јавни површини, за побрзо откривање и санкционирање на прекршителите.

–Скопје е наш заеднички дом. Да се однесуваме одговорно, напиша Ѓорѓиевски на ФБ

Jumbo 2