Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Радиолошкиот технолог столб на современата дијагностика и терапија

/

Македонија

Сподели преку :

Радиолошкиот технолог е столб на современата дијагностика и терапија – ова е клучната порака што околу двесте радиолошки технолози ја испратија од 12-тиот Конгрес на Здружението.

„Овогодишното издание на Конгресот има посебна тежина и значење бидејќи се одржува со силна и активна соработка и со Македонската асоцијација на радиолози (МАР), Македонската асоцијација на радиотерапевти онколози (МАРО) и докторите специјалисти по нуклеарна медицина. Оваа синергија меѓу радиолошките технолози, радиолозите, радиотерапевтите – онколози и специјалистите по нуклеарна медицина испраќа моќна порака: успехот во модерната медицина се темели на мултидисциплинарен пристап и тимска работа “, вели Ведрит Ибушоски, претседател на Здружението на Радиолошки Технолози.

Оттаму порачуваат дела инвестирањето во знаењето и професионалниот развој на радиолошките технолози е директна инвестиција во повисок квалитет на целиот македонски здравствен систем.

„Иднината на радиологијата не ја градат професии што работат една покрај друга, туку професионалци што работат заедно. Токму затоа МАР- Македонската Асоцијација на Радиолози, оваа година застана зад Конгресот на Здружението на радиолошки технолози на Македонија. Радиологот и радиолошкиот технолог се дел од ист тим а со развојот на новите технологии, радиотерапијата и минимално инвазивните имиџинг – водени третмани, таа поврзаност станува уште поважна“, објаснува доц. д-р Соња Николова, Директор на ЈЗУ Универзитетски институт за радиологија – Скопје и Претседател на Македонската асоцијација на радиолози – МАР.

 

Jumbo 2