Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Забранета вода за користење од градската чешма во Струмица

/

Македонија

Сподели преку :

Една од омилените чешми на струмичани, бунарската вода кај градскиот стадион од вчера е забранета за пиење, поради микорбиолошка неисправност на водата. Анализите на чешмата покажале зголемено присуство на аеробни и мезофилни бактерии. Граѓаните што ги прашавме, главно беа запознаени со состојбата на водата. Се надеваат забраната да е привремена, бидејќи од таа чешма многумина полнат вода за пиење, затоа што е питка и студена вода.

Забрана за користење има и на водата од водоводот во селата Рич, Попчево, Белотино и Вељуса. За жителите на Вељуса овие резултати се речиси неразбирливи, затоа што велат дека водоводот е од планинските извори кои со децении се чисти и без никакви проблеми.

Забраната за користење на водата во овие наслеени места ја донесе Агенцијата за храна и ветеринарство врз основа на вонредниот инспекциски надзор, а при кој е констатирано отсуство на резидуален хлор и контаминација со бактерии – индикатори на фекално загадување.

Забраната се однесува на водата за пиење како и нејзината употреба како вода за пиење, суровина и вода којашто доаѓа во контакт со храна во објекти во кои се врши подготовка, послужување и промет на храна и во сите јавни установи.

Сузана Мицева

 

Jumbo 2