Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ЗНАМ набрзо ќе добие заменик министер во Владата

/

Македонија

Сподели преку :

Движењето ЗНАМ ќе добие уште едно место во Владата, односно заменик министер. Лидерот на ЗНАМ, Максим Димитриевски на денешниот отчет за работата на избраните и на именуваните функционери од движењето најави дека до наредниот месец ќе се знае кое место ќе им припадне на нив.
„Разговараме за неколку ресори не би сакал во моментов да шпекулирам, секако дека мандатарот е најповикан да даде одговор на тоа прашање и верувам дека веќе до крајот на месецот ќе имате од негова страна излагање по таа тема“, изјави Димитроевски.

По реконструкцијата на Владата не беа назначени заменици министри за социјална политика, демографија и млади, како и за култура и туризам. Од СДСМ со остра критика до ЗНАМ дека прво ја предале партијата, а потоа и гласачите и дека се сателит на премиерот Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.

„ЗНАМ се роди како проект на Мицкоски. Да ја урне СДСМ одвнатре. Луѓе кои прво ја предадоа својата партија, а потоа ги предадоа и гласачите кои поверуваа во приказната за реформа во СДСМ. Влегоа во власта. Станаа дел од организирана криминална група ВМРО. Станаа дел од бандата. Сателити. Глас во Собрание. Столче во институција. Тендер во општина. Тендер во Пошта. Резултатите ги знае народот. Максо прво ги продаде гласачите, потоа Македонија.“, велат од СДСМ.

Димитриевски пак смета дека она што ги издвојува во изминатите 2 години откако се дел од владејчката коалиција е дека ЗНАМ нема дамка во работењето на нивните функционери.

„Зад ЗНАМ иако е тешко да се поверува бидејќи навиките вомопштеството се такви, нема ни една афера и нулта корупција и тоа претставено директно преку нашите претставници во извршната власт. Што се однесува до нашите приоритети, тоа е подобрување на социо-економскиот живот на нашите граѓани, правда за сите и еднаквост на сите пред законите во Македонија“, додаде Димитриевски.

ЗНАМ во Владата има две министерски места за администрација и за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Марија Митевска

 

Jumbo 2