Во македонскиот бизнис-сектор лани работеле 3.280 компании под странска контрола, односно 4,7 проценти од сите деловни субјекти.
Иако се малцинство по број, странските филијали вработувале над 105 илјади луѓе, или речиси четвртина од сите вработени.
Уште поголемо е нивното учество во создавањето на бруто-додадената вредност – дури 37 проценти.
Најголем дел од оваа вредност доаѓа од преработувачката индустрија, со удел од 35,3 проценти.
Следуваат информациите и комуникациите, а потоа трговијата на големо и мало.
Речиси 93 проценти од странските филијали се под контрола на компании од Европа.Меѓу земјите, најголемо учество во додадената вредност имаат филијалите од Австрија, Холандија и Германија.Вкупниот промет на странските филијали во 2024 година достигнал над 802 милијарди денари.












