Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

„Огромни стаорци како мачки“ во Буњаковец – Општина Центар најавува дератизација

/

Македонија

Сподели преку :

Мртов стаорец, непријатна миризба и рој оси околу него – ова е сликата што денеска ја затекнавме во населбата Буњаковец, во Општина Центар.

  • Овде може да се забележат угинати глувци, а само на неколку метри се наоѓа основното училиште „Јохан Хајнрих Песталоци,“

На улицата има голем број станбени и деловни објекти, но и стари и запуштени објекти, додека во непосредна близина се градат и нови згради. Секојдневно тука поминуваат голем број граѓани, од ученици до пензионери.

Додека снимавме на терен, затекнавме и жител кој сам ги собираше угинатите стаорци. Вели дека тоа го прави бидејќи, според него, никој друг не се грижи за нивното отстранување.

И останатите жители велат дека речиси и да нема ден кога на улицата не гледаат живи или мртви глувци и стаорци.

  • „Има огромни стаорци како мачки. Ако го отвориш капакот ќе видиш дека низ канализацијата си шетаат. Овде има и деца и луѓе од секоја возраст. Ќе фатиме некоја болест за која ќе немаме пари да се излечиме“
  • „Има стаорци, ама сите се мртви. Се сомневам дека мачките ги носат од негде или пак некои луѓе“
  • „Пред извесен период на улицава на ќошот забележав мртов стаорец. Ова треба итно да се реши,“ велат жителите.

Од Општина Центар, која е надлежна за овој дел од градот, велат дека во понеделник ќе спроведат нова дератизација и дека акциите се прават редовно.

  • Општина Центар: „Од почетокот на годината Општината спроведе редовна пролетна дератизација на целата своја територија, како и две вонредни акции на локации каде што беше забележано зголемено присуство на глодари. Новата вонредна дератизација ќе се спроведе во понеделник, а од октомври ќе следува и редовната есенска дератизација.“

Од Општина Центар додаваат дека прво мора да се откријат причините за појавата на глодарите. Ги повикуваат граѓаните редовно да ги чистат дворовите и подрумите и да не оставаат отпад на несоодветни места.

Тамара Марковска

Б.С.

Jumbo 2