Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Црвена линија с.7. e.5 денеска во 16:15 (18 септ. ’26)

/

Црвена линија

Сподели преку :

Младите сè подоцна го напуштаат родителскиот дом. Причината не е само традицијата или семејниот модел, туку и економската реалност – високите трошоци за живот, скапите кирии и недвижности, како и нестабилните или нископлатени работни места. За многу млади во Македонија, осамостојувањето повеќе не е прашање на желба, туку на можност.
Според податоците на Евростат, младите во Македонија во просек го напуштаат родителскиот дом на 30,7 години, додека просекот во Европската Унија е 26,3 години.
Дали младите кај нас сакаат да останат со родителите или едноставно не можат да си дозволат сопствен дом? И може ли еден млад брачен пар со просечни примања самостојно да ги покрие трошоците за живот?
Зошто младите не се осамостојуваат пред да наполнат 30 години?
АНКЕТА: Дали младите во Македонија денес можат финансиски да се осамостојат? Да/Не