Култура

Награда и ревија филмови во чест на Димитар Николов на Филмскиот маркет во Кан

Ревија од победнички кратки остварувања од „ Мобил фестивал“- Меѓународниот фестивал на филмови снимени со мобилен телефон, ќе се одржи утре (13.јули), во 15 часот, во киното на хотелот „Идн“ , на Филмскиот маркет на Канскиот филмски фестивал. Во рамките на настанот ќе биде доделена востановената награда во чест на Димитар Николов – Таки, кој го основа „Мобил фестивал“.

Димитар Николов почина на 63-годишна возраст, по кратко боледување. Покрај основањето на Интернационалниот фестивал на филмови, снимени со мобилен телефон, Таки беше филмски продуцент, менаџер на дистрибутерската компанија „КТ-филм и медиа“ и поранешен директор на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“. Настанот е дел од Меѓународната ревија на филмови, реализирани со мобилен телефон – (International cell phone cinema showcase – Cannes),  на која се прикажуваат наградените остварувања од слични фестивали, од цел свет.

Ревијата е дел од Светската иницијатива за мир и толеранција на принцезата Анжелик Моне, која во последните 10 години одржува гала вечер со хуманитарен карактер , во рамките на Филмскиот маркет на Канскиот филмски фестивал. Минатата година за првпат филмови од „Мобил Фестивал“, беа прикажани на гала вечерта и се натпреваруваа за наградата „Карл Бартош“, што се доделува за филмови снимени на мобилен телефон, фокусирани на хуманитарни теми. За изборот на филмовите лани и оваа година беше ангажирана Весна Ристовска.Филмовите ќе се натпреваруваат за наградите за најдобар филм со тема за животната средина и најдобар филм воопшто, за најдобра режија, актер или актерка, најдобра камера, монтажа, музика, ефекти и анимација.

Карл Бартош е пионер во продукцијата на филмови снимени на мобилен телефон. Проекциите нудат  широк спектар од жанрови и наративи, од документарни, анимирани до експериментални филмови, направени од професионалци и аматери. Мотото е „Одлични филмови во мали пакувања“.

„Мобил фестивал“ годинава ќе гo има 12 издание, во организација на продуцентската куќа „КТ-Филм и Медиа“, од Битола.

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Почина Хазарос Сурмејан, балетски уметник и кореограф

Дејан Дејан

„Трансформирана меморија“ самостојна изложба на Данчо Ордев, вечерва во галеријата Остен

Дејан Дејан

Филмски журнали снимени во Македонија, пред 70 години, станаа дел од колекцијата на Кинотека

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе