Култура

Почина Радован Раѓеновиќ творец на модерната и современа архитектура

Архитект Радован Раѓеновиќ, познат и признат по својата интернационална кариера , почина на 81 годишна возраст по кратко боледување.

Роден е 1940 година во Скопје, каде дипломирал 1964 година на Архитектонскиот факултет. А,  постдипломски студии завршил 1972 година на интернационалната школа „Бауцентрум“, во Ротердам – Холандија во 1972 година.

Радован Раѓеновиќ е автор на многу станбени, туристичко- угостителски, деловни, индустриски и меморијални објекти, реализирани во земјава и странство. Беше дел од проектантските бироа „Алумина“- Скопје, „Мавровопроект“- Скопје, „Технометал“- Москва, „Будимекс“, во Лавов – Украина и „Студио Р“ – Скопје.  Неговите творби го изразуваат модернистичкиот и современ дух на архитектурата. Меѓу нив се деловниот објект за спортска медицина под Калето во Скопје, хотелот „Електро-Скопје“, во Маврово, Олимпискиот базен Скопје, „Еуротел – Струга“, хотелски комплекс Запољарје во Сочи- Русија, Споменикот на слободата во Кочани и др.

За комплексот „Запољарје“ во Сочи, Раѓеновиќ го доби признанието од Сојузот на друштвата на архитекти на Македонија, за афирмација на македонската архитектура во странство во 1981/82 година и дипломата  (во 1985 година) , за труд од областа на урбанизмот, проектирањето, ентериерот и дизајнот. За меморијалниот комплекс „Споменик на слободата“, во Кочани, како коавтор со Глигор Чемерски, Радован Раѓеновиќ е носител на повелбата Почесен граѓанин на Кочани. Во 2016 година ја понесе наградата „ Андреја Дамјанов“, за животно дело и за достигнувања во архитектурата, што ја доделува Асоцијацијата на архитекти на Македонија.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Реконструкција на Универзална сала во септември

Дејан Дејан

Стоечки овации и бис по изведбата на „Кармина Бурана”

Дејан Дејан

Кармина Бурана во Солун- заедничка изведба на Филхармониите од Скопје и Софија и симфонискиот оркестар од Солун

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе