Научниците што се занимаваат со оваа област предупредуваат на неконтролирана трка во развојот и на кобни пропусти. Години наназад се правеле машини, ракети, авиони, возови и возила, но биле целосно контролирани, а сега за првпат сме на прагот да создадеме технологија што е попаметна од нас,но прашањето е дали ќе можеме да ја контролираме, сметаат домашните експерти. Според професорот Орце Симов ова не е прва опасна технологија, го имавме нуклеарното оружје, но таа технологија е строго контролирана и мониторирана.
- Опасноста за човештвото во овој момент, бидејќи нема автономни роботи е во делот на сајбер напади, на воена инфраструктура, за критична инфраструктура, давање на биолошко оружје, микроорганизми, вируси и бактерии кои што можат да го загрозат човештвото – проф- д-р Орце Симов.
Сепак, тој вели дека треба да се посветува повеќе време на развој на механизми, ограничувања и контрола на вештачката интелегинција и роботите.
Истражувањата покажуваат алармантен тренд, се повеќе млади, но и возрасни, утеха и совети бараат од апликациите. Но, каков данок зема ова врз нивниот развој? Дали наместо паметни соработници создаваме генерација зависна од виртуелни пријатели?
- Премногу потпирање на вештачката интелигенција може да води кон тоа да не ги користиме нашите когнитивни способности што пак може да води кон тоа да се намалува нашиот мемориски капацитет, нашите начини и принципи на размислување. Неодамна бев во Женева на еден форум каде што еден професор истакна дека можно е во иднина да се зголемуваат и стапките на деменција, затоа што нема да го користиме нашиот мозок, нема да ги користиме нашите капацитети на размислување, на меморирање на факти и податоци – Симов.
Полемика за оваа тема се води во светски рамки. Успорување на вештачката интелигенција побараа дел од компаниите, но поголемиот дел не се согласија со оваа теза.
Премногу ќе се ослонуваме на технологија, но се надевам дека како човештво ќе изнајдеме начин и оваа технологија да ја ставиме во наша функција и во улога да го подобри нашиот живот а не да го влоши.
Симона Петровска













