За разлика од возрасните кои од денеска можат да се вакцинираат и без пријавување, од денеска до четврток онлајн пријавување ќе има за децата, од 12 до 16 години.
Потоа децата ќе добијат термини, а за нив е резервирана вакцината фајзер.
Наместо на досегашните 12 недели по примањето на првата доза од вакцината на производителот Астра Зенека, втората доза ќе се прими со навршување на 6 недели по првата доза, информираше денеска министерот за здравство, Венко Филипче.
Остануваат препораките оваа вакцина да ја примат само лицата постари од 60 години.
