Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Жерновски: Заканите не смеат да имаат политичка боја

/

Македонија

Сподели преку :

Членот на извршниот одбор на СДСМ, Андреј Жерновски преку Фејсбук реагираше на вчерашните изјави за заканите со насилство, посочувајќи дека и тој и негови политички колеги со години биле изложени на навреди, закани и повици за насилство.

Тој побара институциите да реагираат на секоја ваква закана, без оглед на тоа кому е упатена… Жерновски објави порака во која се повикува на негово убиство пред неговото семејство.

Според него, ваквите пораки не се политичка критика или различно мислење, туку директен повик на насилство и треба да бидат предмет на институционална постапка.

Праша зошто институциите, според него, не реагирале со иста загриженост на претходните закани кон политички неистомисленици и побара да биде отворена истрага и за неговиот случај, како и за сите други слични случаи, нагласувајќи дека институциите треба еднакво да важат за сите.

Jumbo 2