Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Регистрирани 12 пожари во изминатото деноноќие

/

Македонија

Сподели преку :

Дванаесет пожари на отворен простор биле регистрирани во текот на изминатото деноноќие, информира Центарот за управување со кризи .

Според последните податоци, до 7:30 часот утринава нема активни пожари. Еден пожар е ставен под контрола, додека останатите 11 се целосно изгаснати.

Пожарот кој е под контрола е на територијата на Македонски Брод и Сопиште. Огнот започнал во близина на селото Белица, во месноста Кајорец, а потоа се проширил кон пределот Јасен. Зафатени се нискостеблеста и мешана шума.

Во останатите случаи, пожарите биле локализирани и изгаснати на повеќе локации низ земјава.

Во Теарце горел отпад во Нераште, додека во Свети Николе, кај Ерџелија, биле зафатени ниска вегетација и отпад. Пожари во ниска вегетација биле регистрирани и кај селата Раштани и Белештевица во Велес, како и кај Агино Село во Куманово.

Во Скопје, пожари биле регистрирани на Кејот на Вардар во Карпош, во Долно Свиларе во Сарај, во Трубарево и Стајковци во Гази Баба, како и во Дељадровци и Мршевци во Илинден.

Пожар е регистриран и кај селото Десово во Долнени, кај „Економијата“ од затворот во близина на Битола, а бил зафатен и дел од ниската вегетација во Ерџелија.

Од ЦУК посочуваат дека состојбата со пожарите се следи и дека во моментот нема активни пожари.

Jumbo 2