Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Скопје: Две жени се степале, па ги нападнале и полицајците

/

Македонија

Сподели преку :

На 14 септември 2026 година, околу 19:50 часот, во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје ги привеле С.Р. (26) и В.А. (24), двете од Скопје.

Како што информираат од МВР, двете лица биле приведени по претходна пријава дека го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка, како и дека агресивно се однесувале кон полициски службеници кои преземале службени дејствија.

При преземањето на мерки и извршениот преглед, кај В.А. бил пронајден остар предмет.

По целосното документирање на случајот, од МВР најавуваат дека ќе следува соодветен поднесок.

Jumbo 2