Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Објавени конечните списоци за место во студенстките домови за 2026/2027

/

Македонија

Сподели преку :

Министерството за образование и наука ги објави ранг-листите со примени студенти на додипломски студии за сместување во студентските домови за студиската 2026/2027 година. Резултатите се достапни на официјалната веб-страница на министерството.

Поради ограничениот капацитет во ДСД „Гоце Делчев“ – Скопје, дел од кандидатите што аплицирале таму се пренасочуваат кон зградите на ДСД „Стив Наумов“ – Скопје, независно од тоа дали при апликацијата означиле алтернативно сместување.

Слично прераспределување е применето и кај дел од примените студенти за ДСД „Браќа Миладиновци“ – Штип, кои се распоредуваат во приватните домови ПСД „Логос“ и ПСД „Хилјадников“ согласно приложените алтернативи.

Комплетните списоци се објавени поединечно за следните капацитети:

  • ДСД „Стив Наумов“ – згради (Скопје)
  • ДСД „Стив Наумов“ – бараки (Скопје)
  • ДСД „Гоце Делчев“ – Скопје
  • Прераспределени од „Гоце Делчев“ без алтернатива во ДСД „Стив Наумов“ – згради
  • Прераспределени од „Гоце Делчев“ со алтернатива во ДСД „Стив Наумов“ – згради
  • ДСД „Браќа Миладиновци“ – Штип (поранешен „Оаза“-2)
  • ДСД „Кочо Рацин“ – Битола
  • ДСД „Никола Карев“ – Охрид (локација Одморалиште на МВР)
  • ДСД Тетово – Тетово
  • ПСД „Логос“ – Штип
  • ПСД „Хилјадников“ – Штип
  • Прераспределени од „Браќа Миладиновци“ – Штип во ПСД „Логос“
  • Прераспределени од „Браќа Миладиновци“ – Штип во ПСД „Хилјадников“
Jumbo 2