Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Сончево со мала до умерена облачност, попладне на некои места нестабилно – Временска прогноза за 15.9.2026

/

Временска прогноза

Сподели преку :

Сончево со мала до умерена облачност, на некои места ќе има услови за повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Заради големата енергија во атмосферата локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и појава на град.

Во Скопје, утре ќе биде сончево и топло. Попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината процесите ќе бидат во форма на невреме со пороен дожд, силен ветер и услови за појава на град.

Информација од ова утро 14.9.2026

Утринска температура измерена во 8 часот (во °C)

8 Берово, 9 Попова Шапка, Куманово, 10 Крива Паланка, Штип, Крушево, Прилеп, Тетово , Скопје – Петровец, 12 Битола, Виница, 13 Охрид, Ѓуриште,Демир Капија, Велес, Претор, 14 Струмица,
15 Скопје – Зајчев Рид, 17 Кавадарци, 19 Гевгелија
Деталите во Телма МЕТЕО со Елена Манојловски, во соработка со УХМР!