Спорт Тенис

Ѓоковиќ го освои Вимблдон и се израмни со Федерер и Надал со 20 грен слем трофеи

Новак Ѓоковиќ го освои Вимблдон по шести пат во својата кариера и се израмни со Роџер Федерер и Рафаел Надал со по 20 грен слем трофеи. Светскиот рекет број 1 попладнево на „Ол Ингланд клубот“ го совлада дебитантот во големите финалиња Матео Беретини со 3-1 во сетови.

Србинот во првиот сет иако имаше водство од 4-1, сепак Беретини го освои во тај-брејкот. Во вториот и третиот сет, Ѓоковиќ се врати со по 6-4, а во четвртиот славеше со 6-3 откако ја освои третата меч топка и тоа на сервис на противникот.

Светскиот рекет број 1 годинава ги освои првите три грен слем турнири, Австралија опен, Ролан Гарос и сега Вимблдон. Тој сега е петтиот тенисер во историјата и само вториот во Опен ерата по Род Лејвер во 1969 година, што ги освоил првите три големи турнири во сезоната.

За Ѓоковиќ следниот предизвик е да стигне до така наречениот „Голден слем“, односно да ги освои сите четири грен слем трофеи во една календарска година и плус да се закити со злато на Олимписките игри. Само на една личност и успеал ваков потфат во историјата на тенисот, а тоа е Штефи Граф во 1988 година.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Милевски: Во Велс очекувам сличен натпревар како и оној во Скопје

Дејан Дејан

Белами: Македонија се брани длабоко, но добро игра во контранапад

Дејан Дејан

Реми за бараж, чудо за прво место: Македонија на клучно гостување кај Велс

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе