Со претставата „Црнила“ од Коле Чашуле во режија на Дејан Пројковски, а во изведба на Народниот театар од Прилеп, вечер во Струмица ќе биде спуштена завесата на 34. издание на Меѓународниот фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“, кој традиционална почнува на Денот на независноста, 8 Септември. За единствената награда за високо актерско остварување, која се состои од златен меделјон со ликот на Шишков, парична награда во износ од 1.500 евра и плакета, конкурираат актери од десет претстави од Македонија, Србија и Бугарија.
Фестивалското жири кое ја оценува актерската игра е во состав: Билјана Драгичевиќ Пројковска, ланска добитичка на наградата „Ристо Шишков“, Билјана Ѓуровиќ и Иван Додовски и тие вечер треба да го соопштат името на годинашниот лауерат.
Фестивалот е финансиски помогнат од Министерството за култура и туризам и Општина Струмица. На фестивалот оваа година не натапува театарот „Антон Панов“ од Струмица. Раководителот на струмичкиот театар Ванчо Василев рече дека одлуката ја донеле затоа што „ театарските работници со години наназад се маргинализирани од Советот на фестивалот кои го сочинуваат луѓе кои не произлегуваат од нашата институција, а комуникацијата со Фестивалот е многу отежната“.

Театарот „Антон Панов“ од Струмица нема да учествува на годинешното издание на Меѓународниот фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“. Од театарот информираат дека, и покрај добиената покана за учество, донеле „тешка, но принципиелна одлука“ да го бојкотираат фестивалот. Раководителот на театарот вели дека одлуката не е насочена против фестивалот и неговото наследство, туку претставува став… Продолжи со читање













