Граѓанските активисти бараат да се најде решение со честите палења на депонијата Шапкар. Изминатите неколку денови депонијата чадеше, па активистите на Здрава котлина апелираат за итни интервенции во вакви случаи. Неодамна Здрава котлина објави фронт против депониите, како еден од најголемите загадувачи на околината.
Танушев смета дека депониите се темпирана еколошка бомба, со оглед дека во струмичко има над стоо диви депонии. Според него,тие бараат сериозен пристап, бидејќи се закана за загадување на подземните води, почвата и воздухот.
Од комуналното претпријатие во Струмица велат дека ѓубрето на регионалната депонија Шапкар се самозапалило поради високите температури, но дека за кусо време со интервенција на противпожарните служби огнот се изгаснал. Ова е чест случај за време на летниот период. Понекогаш, поради големата површина на депонијата се случуваат палења и од човечки фактор, особено од собирачи на пластика.
Сузана Мицева
