Полицијата во Битола привела 67-годишен битолчанец откако при претрес во неговиот дом биле пронајдени оружје и муниција.
Од СВР Битола информираат дека Р.Д. бил лишен од слобода на 11 септември во 17:30 часот.
Претресот бил извршен со судска наредба од Основниот суд во Битола.
При претресот биле пронајдени и одземени три пушки и три пиштоли.
По целосното документирање на случајот, против лицето ќе следува соодветен поднесок.













