Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ЦУК: Активни три пожари, четири под контрола

/

Македонија

Сподели преку :

Во Македонија до 07:30 часот денеска се регистрирани вкупно 31 пожар на отворен простор, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Од нив, три се активни, четири се ставени под контрола, додека 24 пожари се целосно изгаснати.

Активни се пожарите кај селата Белица во општина Македонски Брод, Брест во општина Чучер-Сандево и Алдинци, на подрачјето на општините Крушево и Кривогаштани.

Под контрола се пожарите кај селото Тајмиште во Кичево, на градската депонија во Делчево, кај Копаница во општина Сарај, како и на потегот меѓу селата Буринец, Локов, Селце и Елевци во општина Струга.

Од ЦУК посочуваат дека состојбата со пожарите се следи и дека надлежните служби продолжуваат со активности за нивно локализирање и целосно гаснење.

Jumbo 2