Законите се такви какви што се и ние сме должни да ги почитуваме без оглед дали се уште постојат околностите поради кои е определен притворот вели државниот обвинител Савески по информацијата дека за помалку од еден месец истекува законскиот рок по кој газдата на Пулс и други обвинети за пожарот во кој загинаа 63 млади луге не можат да останат во притвор .
Кои следни чекори може да ги преземе обивнитрелството не коментира и остава одлучите за коннкретниот предмет да ги донесат обвинителите кои работат на случајот.
„Дали има други можности? Да, секогаш има можности. Дали во овој случај некои од тие можности ќе бидат применети, навистина оставете времето да покаже. Не би сакал сега ништо да прејудицирам. Тоа се јавнообвинителски одлуки и доколку изразам свој став во врска со таа работа, би можело да се создаде чувство дека сакам да го наметнам на конкретните јавни обвинители кои постапуваат во тој предмет. Јас тоа не го сакам“, рече обвинителот Ненад Савески.
Дејан Јованов е во притвор поради опасност од бегство и влијание на сведоци. Роднините пак велат дека не тврдат дека тој ќе избега Но прашуваат: кој ќе ја преземе одговорноста ако бавноста на институциите создаде таков ризик? Тие вчера порачаа – НАШИТЕ ДЕЦА НЕМААТ РОК, ПРАВДАТА НЕСМЕЕ ДА ИСТЕЧЕ.
Според законот обивнет може да биде задржан во притвор максимум една година од оценката на обвинението. За „Пулс“ тоа е 3 ти октомври кога му истекува ефективниот притвор на Дејан Јованов. Последните неколлку месеци судот за петмина обвинети кои биле во куќен притвор прифатил гаранции и им ги укинал мерките.
Судењето за пожарот во „Пулс“ почна во ноември минатата година а се уште е рано да се каже кога би завршило . Следн рочиште е закажано за 14 септември а изминатиот период градежните вештаци одговараа на прашањата на одбраната која се уште не почнала со нејзините докази и сведоци.
Елена Ивановска Мукоска













