Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Почна големата реконструкција: студентските домови стануваат енергетски ефикасни

/

Македонија

Сподели преку :

Европската Унија, Германската развојна банка и Министерството за образование ги здружија силите во капиталниот проект за реконструкција на студентските домови во земјава, вреден над 80 милиони евра. 6О милиони евра се заем, а дополнителни 21 милион евра се директна грант-поддршка од ЕУ.

Целта е темелна реконструкција на објектите, поставување на обновливи извори на енергија и преполовување на сметките за струја, што директно ќе ја намали и емисијата на штетни гасови.

– Ја имаме целта за намалување на потрошувачката на енергија, но истовремено да ги намалиме и емисиите на јаглерод диоксид, кои и нанесуваат штета на климата. Владата има избор, да работи со студентските домови во Северна Македонија и во Охрид како и досега или да инвестира, практично со истата цена и трошоци и да ги намали емисиите на јаглерод диоксид, со што ќе се подобрат и условите за живеење во овие домови, порачаа Дамјан Стојковски од Министерството за образование и наука (единица за спроведување на проектот) и Стефано Елеро раководител на сектор за соработка (Делегација на ЕУ во Македонија).

Со ова, првата фаза од проектот почнува со реализација на терен, а фокусот ќе биде ставен на енергетската санација. Преку паметен модел кој ги комбинира бесповратните грантови од Европската Унија со поволни кредити, државата не мора да троши дополнителни пари од буџетот.

Планираното намалување на потрошувачката на енергија од дури 50 проценти ќе донесе заштеди со кои директно ќе се враќа заемот.

– На овој начин, додека ја подржуваме Северна Македонија во напредокот двете најважни политички агенди на земјата, пристапувањето кон ЕУ и зелената транзиција, остваруваме конкретни и видливи резултати. Имаме подобри услови за живеење за студентите, енергетски поефикасни јавни објекти, помало трошење на енергија и почиста животна средина, истакна Оливер Јунгер , портфолио менаџер (развојна банка KWF Франкфурт.

Во меѓувреме, привршува реконструкцијата и модернизација на студентскиот дом Кузман Јосифовски Питу изграден во средината на 50-тите години на минатиот век.

Во овој објект се вградуваат високо квалитетни материјали , енергетско ефикасни прозорци со ниска емисиона проводливост на топлина. Во периодот додека овој студентски дом не работи ќе се користи како хостел за странски студенти.

Симона Петровска

Jumbo 2